Владини интернет-страници на Квинсленд

Дознајте како да пристапите до владини услуги користејќи ја интернет-страницата qld.gov.au и вашата сметка на QGov.

Што можат да направат владините услуги за мене?

Освен за да управувате со вашите лични податоци, можете да ги користите владините услуги за да:

  • заштедите пари пријавувајќи се за попусти
  • се пријавите за попусти или картички за попусти
  • најдете загубени пари
  • да проверите кога треба да ја обновите регистрацијата на вашето возило.
Владина интернет-страница на Квинсленд

Како можам да пристапам до електронските услуги во Квинсленд?

Интернет-страницата на владата на Квинсленд на www.qld.gov.au е портал за сите електронски владини услуги.

Исто така, можете да ја посетите и www.qld.gov.au/services/mobile за список со апликации за електронски услуги на владата на Квинсленд.

Интернет-страницата www.qld.gov.au ги содржи сите услуги до кои можете да пристапите електронски, како и многу информации и корисни водичи како да пристапите до овие услуги.

Спротивно на тоа, секоја апликација служи за пристап до специфична владина услуга, или за да видите специфичен вид информации.

Вашата сметка на QGov

Некои владини услуги ви бараат да се најавите како доказ за идентитет. На почетната страница на identity.qld.gov.au можете да:

  • ги гледате страниците ЧПП (FAQs) и Услови и одредби (Terms and conditions)
  • кликнете на Регистрирајте се (Register) за да создадете сметка на QGov
  • кликнете на Најавете се (Log in) ако веќе сте се регистрирале
  • внесете адреса на е-пошта
  • изберете силна лозинка
  • дадете број на мобилен телефон за да добиете код за пристап преку текст.
Кога ја создавате вашата сметка, можете да изберете силна лозинка за да ја заштитите. Бидете сигурни дека не користите лозинка што ја употребувате за друга услуга или сметка.

Како да ја користите QGov за да го докажете вашиот дигитален идентитет

За некои владини услуги задолжително е да го докажете вашиот идентитет со користење на документација. Ова е наречено засилено најавување (stepping up your log in). Кога треба, ова ќе ви биде побарано автоматски.

Што ви треба за да го засилите најавувањето на QGov

Ќе треба да обезбедите 100 поени за идентификација. На страницата со ЧПП (FAQs page) можете да видите список со соодветни документи за идентификација.

Со важечка возачка дозвола на Квинсленд и вашата картичка Medicare, можете да соберете 100 поени, но можете да употребите и други документи за идентификација.

Како да управувате со споделените лични податоци

Кога користите некоја услуга, страницата ве прашува да Се согласувате да ги споделите вашите податоци (Consent to share your details). Ќе видите кои податоци ги бара услугата и дали имате опција да Продолжите (Continue) да ја користите услугата или да Откажете (Cancel).

Основни услуги до кои можете да пристапите преку www.qld.gov.au

За да пристапите до услуга, кликнете на За жителите на Квинсленд (For Queenslanders) во горниот дел на страницата, а потоа изберете категорија од панелот што се отвора. Некои категории вклучуваат, на пример:

  • вашите права, криминал и законот
  • лични
  • транспорт и возење
  • здравје и добросостојба
  • домови и домување

Што да правите ако се загубите

Ако не сте сигурни каде се наоѓате на симболот Национален грб на Државата Квинсленд (Queensland Government coat of arms) што се наоѓа во горниот лев дел на страницата. Ова ќе ве врати назад на почетната страница на www.qld.gov.au.

Некои услуги се вдомени на други владини интернет-страници. Можете да забележите дека една интернет-страница ве насочува на друга кога адресата во лентата за пребарување на прегледувачот се менува. Ако во моментот не сакате да се префрлите на друга интернет-страница, кликнете на копчето Назад (Back button) во веб-прегледувачот.

Како да најдете цени на гориво во вашата близина

За да видите список со интернет-страници и апликации што ги пријавуваат цените на гориво во Квинсленд, посетете ја владината интернет-страница за пријавување цени на горива (Fuel reporting web page). Овие интернет-страници и апликации не се поврзани со владата на Квинсленд.

Попусти и олеснувања

Категориите Транспорт и возење (Transport and motoring) и Поддршка на заедницата (Community support) на почетната страница на www.qld.gov.au имаат информации за попусти и олеснувања поврзани со возење, јавен превоз, патување и друго.

Често се јавуваат нови попусти или се додаваат програми на овие услуги, па вреди да ги проверувате често.

Како да ја користите интернет-страницата Smart Savings за да најдете попусти

Посетете ја интернет-страницата Smart Savings за да видите попусти и заштеди на едно погодно место. Изберете категорија на олеснување од горниот дел на страницата за да видите повеќе информации. На пример:

  • Енергија и вода (Energy and water) има информации како да заштедите пари на сметките за гас и струја
  • попустите за превоз се во категоријата за заштеда на пари за патување со воз и такси, како и регистрација на возило.

Како да најдете загубени или непобарани пари

Интернет-страницата MoneySmart на Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) на адресата moneysmart.gov.au ви помага да побарате загубени пари. Ова може да се однесува на загубени банкарски сметки, акции, инвестиции и полиси за осигурување на живот. Интернет-страницата MoneySmart исто така објаснува како да ја користите my.gov.au и ATO за да побарате загубени придонеси за старосна пензија.